Фото: Зоран Антоски

Во првите четири часа од денешното гласање на предвремените парламентарни избори, забележана е висока излезеност во општина Македонски Брод и традиционално ниска излезеност во општина Пласница. Така во општина Македонски Брод, 1.080 граѓани го искористиле своето демократско право на избор или во проценти изразено гласале 21,38 отсто. Во општина Пласница, пак, традиционално излезеноста е многу ниска и до 11 часот, на деветте избирачки места во оваа општина излегле само 350 граѓани или 6,9 отсто.

– Во нашата општина без исклучок на сите избори, парламентарни, локални или претседателски, излезеноста на граѓаните е многу висока, а тоа го потврдуваат и денешните бројки кога во нашата општина од 5.051 граѓанин запишан на единствениот избирачки список, гласале 1.080 граѓани или во проценти изразено 21,38 отсто. Ако го задржиме овој тренд на излезеност, треба да очекуваме нашата општина да биде една од неколкуте во земјава со најголем одзив на гласачите – рече Ирена Мишкоска од ОИК на Македонски Брод.