Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ зборувајќи за набавката на вакцини истакна дека 3 месеци по формирањето на владата на Заев била формирана и фантом фирмата за провизии при набавка на кинеските вакцини.

– Фантом фирмата Стабри Интернешенал преку која Заев и Филипче сакале да книжат провизии од кинеските вакцини е регистрирана само 3 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев во 2017 година. Ова се документи од Централниот Регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека истата е формирана на 22 септември 2017 година – рече Лефков.

 

– На фантом фирмата Стабри Интернешенал според нашите документи и се префрлени 12.5 милиона долари за 200.000 вакцини, односно Заев и Филипче на оваа фирма и платиле 100% повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини. Имено додека цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари Заев и Филипче платиле 62.5 евра. Или што би се рекло на струмички 30 за Синофарм, 30 за Вицето – додаде Лефков.

Според сознанијата кои ги изнесе Лефков фирмата е формирана како што рече со само 10.000 Хонг Конг долари основен капитал, односно 1.000 евра.

– Љупчо Николовски наместо да мачка путер, заедно со Заев и Филипче да си дадат оставки веднаш – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.