Министерството за внатрешни работи во континуитет спроведува ефикасни, темелни и неселективни акции во борбата против криминалот и корупцијата, посочи на денешната прес-конференција, пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

Како што нагласи тој, споредебено со 2020 постои сериозно зголемување на запленета на дрога и наркотици.

„Според податоците, во првите три месеци во 2020 година била запленета дрога од 14,8 килограми, додека од први јануари до 15 април во оваа 2021 година, запленета е дрога од над 800 килограми“, истакна Каевски.Според него, редовните сообраќајни контроли, неселективниот пристап во санкционирањето, довело и до значително намалување на сообраќајните несреќи.

„Во првите четири месеци од годинава за 10% се намалени сообраќајните незгоди со повредени лица, за 11,2% намалени се сообраќајните незгоди со материјална штета, за 13,6% се намалени незгодите со загинати лица, а бројот на повредени лица е намален за 14,2%“, додаде тој.