Фото: Маја Јаневска-Илиева

Обидот да се дознаат повеќе детали од Министерството за здравство, од српската амбасада во земјава, како и од Царинската управа во земјава вчера беше неуспешен. Од Владата претходно само соопштија дека поради потребата од усогласување на техничката документација примопредавањето на вакцините, закажано на граничниот премин Табановце меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, се одложува за следните денови. Но никој точно не објасни за каков административен проблем станува збор

Што се случи за да биде прекуноќ одложена испораката на вакцините од Србија? Дали административните пречки се токму административни или се нечиј пропуст во изработувањето на документацијата? Како е можно да недостига документација ако целата процедура за подготовка траеше повеќе денови? На сите овие дилеми јавноста очекува јасни одговори, а во меѓувреме на социјалните мрежи има остри реакции во кои се критикуваат македонските, но и српските власти.
Македонија заедно со Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина е меѓу земјите на Балканот што немаат почнато процес на вакцинација против ковид-19 на населението.
Обидот да се дознаат повеќе детали од Министерството за здравство, од српската амбасада во земјава, како и од Царинската управа во земјава вчера беше безуспешен.
Остри реакции има и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде што побараа одговорност од надлежните.
Претходно од Владата само соопштија дека заради потребата од усогласување на техничката документација примопредавањето на вакцините, закажано на граничниот премин Табановце меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, се одложува за следните денови. Но никој точно не објасни за каков административен проблем станува збор.
Антиковид-вакцините на „Фајзер“ што ни ги отстапи Србија, а неколку недели чекаа на одобрение од производителот за да влезат во земјава, ќе бидат првите 8.000 со кои и кај нас ќе почне имунизацијата.
Во текот на следните денови се очекува и испорака на нови 200 илјади дози на вакцини од Кина, за кои беше потпишан договор во понеделникот.
Од Министерството за здравство велат дека почитувајк?и ја одредбата од договорот за тајност, а во согласност со глобалната политика на сите компании за производство на вакцини, вклучувајќи и на „Синофарм“, податоците што ги содржи договорот остануваат доверливи.

Вакцините од Кина ќе пристигнат во нашата земја на аеродромот во Скопје. Направен е детален план за транспорт на вакцината од аеродромот до економските оператори (веледрогерии) што се задолжени за складирање на количествата, а потоа и план за дистрибуција до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата. Изминатата недела се вршеа премери на волуменот на ладните соби за чување, а се вршеше и процена на капацитетите за складирање на целото количество.
Последните информации од Министерството за здравство се дека системот Ковакс преку допис ги соопштил деталите за првата испорака и типот на вакцината што ќе пристигне во нашата земја.
Станува збор за вакцината на „Астра Зенека“, од која првото количество за Македонија е планирано да пристигне во март. Од Ковакс информираат дека за Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а другите во вториот квартал од годината.

Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против ковид-19 ќе се спроведе во три фази. Во првата фаза е предвидено да се вакцинираат здравствените работници што се на првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување инфекција. Во оваа фаза е предвидено да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

[email protected]