Фото: Маја Јаневска-Илиева

Специјалниот претставник за Бугарија Владо Бучковски изрази силен оптимизам дека ќе се најде решение за сите спорни прашања со Бугарија, објави „Дојче веле“.

– Јас по природа сум оптимист, и верувам дека до крајот на мојот мандат ќе најдеме решение за отворените прашања. Се наоѓаме во фаза на предизборие во Бугарија, затоа се обидуваме да бидеме претпазливи. Мојата главна преокупација во последните неколку недели е соработката во медиумската сфера, универзитетите, културата – вели Бучковски, чиј мандат трае до декември.

Бучковски потенцира дека има одлична соработка со бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов и најави почеток на многу идни соработки.