Интервју на специјалниот претставник за Бугарија за Гласот на Америка

Јас не сум чудотворец. Од друга страна, ниту сум нечиј ас скриен во ракавот, ниту сум пак нечиј џокер, кажа новоименуваниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, во интервју за Гласот на Америка.

– Јас не сум чудотворец. Од друга страна, ниту сум нечиј ас скриен во ракавот, ниту сум пак нечиј џокер. Јас сум Владо Бучковски, поранешниот премиер, кој во изминатите петнаесет години изгради доверба во бугарското општество. Верувам дека тоа ќе биде додадена вредност во напорите кои ги прави нашата Влада, да успееме да најдеме решение во духот на европските вредности – истакна поранешниот премиер, додавајќи дека ќе се направат напори за изнаоѓање решение во пресрет на Советот на министри на ЕУ на 9 декември.

Бучковски истакна дека верува оти може да се најде заеднички јазик со Бугарија.

– Ние сакаме да влеземе во ЕУ, врз основа на она што е препознатливо за нас Македонците. Тоа е нашиот јазик, културата, нашиот идентитет. И мислам дека нашите пријатели од Софија тоа го разбираат – заклучува Бучковски.