Фото: Маја Јаневска-Илиева

Специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, утре заминува во официјална посета на Софија, јави бугарската новинска агенција, БГНЕС.

– За време на престојот ќе имам состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов – рече Владо Бучковски за БГНЕС.

Тој објасни дека во четврток ќе има средба со претседателот Румен Радев.

– Доаѓам на покана на бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со добра волја – потенцираше Бучковски.

Бугарија денеска на состанокот на Советот на министри во Брисел стави вето на преговарачката рамка за Македонија, за почеток на преговорите со Европската Унија.