Скопје, 20 април 1941 година

Историјата регистрира факти дека Бугарија и во Првата и во Втората светска војна била на страната на агресорите, угнетувачите и експанзионистите. Периодот на фашистичка Бугарија, со сите свои агресорски, злосторнички и асимилаторски политики во регионот (токму како такви, а не ублажени), е забележан и во националните истории на соседните земји и народи: Србија, Грција, Македонија. Тоа како недвосмислен историски факт е регистрирано и запишано во училишните учебници по историја во образовните системи на земјите во регионот. Но ниту српската ниту грчката историографија не потпаѓаат под притисоците на соседна „европска“ Бугарија да ги фризира или фингира историските факти. Но дали тоа може „да се протне“ онаму каде што сѐ повеќе расте притисокот на страшните бугарски уцени и ултиматуми, во стилот на фашистичките и болшевистичките режими, кои таа многу добро ги познава?

Софија молчи за фактите во историските учебници во Грција, а гласно ја уценува Македонија истите тие да ги смени

Историските факти се немилосрдни. Документите, артефактите, записите и сведоштвата се недвосмислени материјални докази за тоа кој, кога и како „одиграл“ во одреден историски период или епоха. Така, историски настани и личности се регистрирани во националните истории во различни држави, а наедно и во општата европска и светска историја. Сликовит е примерот со Бугарија. Токму таа и во Првата и во Втората светска војна била на страната на агресорите, угнетувачите и експанзионистите. Фашистичка Бугарија, како сојузник на оската Рим – Берлин – Токио, со сите свои агресорски и асимилаторски политики во регионот, е регистрирана во националните истории на соседните земји и народи: Србија, Грција, Македонија. И наместо да ги прифати, затвори и надмине своите историски грешки и заблуди, официјална Софија се обидува да ги забошоти и фризира историските вистини. Се разбира, тоа ќе ѝ успее онаму каде што ќе ѝ биде дозволено.

Бугарски дипломат отворено говори за двојните аршини на Бугарија со барањата за интервенции во учебниците по историја

Поранешниот амбасадор на Бугарија во Грција, Стефан Стојанов, за бугарски медиум открива дека во грчките учебници по историја, улогата на Бугарија во Втората светска војна е јасно искажана како дел од фашистичките окупациски сили во Грција.
– Пишува дека грчката држава била окупирана од три сили, станувало збор за тројна окупација… Германија, Бугарија и Италија, потоа има табели со наслов: ЖРТВИ НА НАЦИСТИЧКАТА ОКУПАЦИЈА… Има напишано и тоа дека „во септември-октомври 1941 година од БУГАРИТЕ се убиени 5.016 жители на Драма, Доксато и селата окупирани во реонот итн., со низа историски докази за карактерот на настаните предизвикани од бугарските фашистички сили.
Во интервјуто, поранешниот бугарски амбасадор во Грција, Стефан Стојанов, признава дека Софија има двојни аршини во однос на барањата за менување на учебниците по историја, спрема Атина и спрема Скопје.
Историските факти се немилосрдни. Документите, артефактите, записите, документарните сведоштвата се недвосмислени материјални докази за тоа кој, кога и како одиграл во одреден историски период и епоха. Историските настани и личности се појавуваат и во одделните национални истории и како такви се усвоени и во различни држави, но и во општата европска и светска историја. Токму таков е примерот со Бугарија, која и во Првата и во Втората светска војна била на страната на агресорите, угнетувачите и експанзионистите. Периодот на фашистичка Бугарија, со сите свои агресорски и асимилаторски политики во регионот е забележан и во историите на соседните земји и народи: Србија, Грција, Македонија. Тоа е недвосмислено регистрирано и запишано во учебниците по национална историја на земјите во регионот. Но ниту српската ниту грчката историографија не потпаѓаат под притисоците на соседна Бугарија да ги фризира или ублажува историските факти. Во учебниците во Грција, на пример, Бугарија децидно е наведена како фашистички окупатор во Втората светска војна.

Бугарија се плаши од документите во сопствените архиви, а настојува да ја фризира историјата на соседите

– Документите за одредени историски настани се едни и исти. Истите документи се основа и за светската историографија, со која треба да бидат усогласени и националните историографии. Некои работи од сопствената историја не можат да се скријат и избришат со принуда врз другите народи да ги фалсификуваат својата колективна меморија и историја. Преку историската комисија со Македонија, Бугарија настојува да ја исфрли валканата кал од сопствената историја, да го избрише своето учество во фашистичката коалиција во Втората светска војна, делот од својата вина во холокаустот врз Евреите…, барајќи од нас да правиме „розова историја“ за нивната окупација на територијата на Македонија во тој период. Историските факти се тие и од нив не може да се бега. Невидена работа е уцена од држава-членка на ЕУ да бара од друга држава да си ја смени историјата, за да си реализира аспирации што се историски неодржливи – вели македонскиот историчар Тодор Чепреганов.
Освен тоа, професорот Чепреганов истакнува дека истиот став за исти настани во историјата е присутен во историските учебници во образовните системи во повеќето земји од регионот. Конкретно за улогата на Бугарија во Втората светска војна, истиот став, врз основа на исти документи, се одразува и во учебниците во Грција, Македонија, Србија и во Албанија.
– Бугарите се плашат од сопствената документација, која се наоѓа во нивните архиви. Голем дел од сознанијата за историски настани и личности во македонската историографија потекнува од документи во бугарските архиви. Секако, имаме документи и во нашите архиви. Но за овој преседан што се случува со политичката уцена со историјата, од страна на Бугарија, виновни се политичарите. Нема никаква потреба политичарите да се впуштаат во историски аргументации во актуелното политичко дејствување. Тоа треба им го препуштат на историчарите. Македонија не може да прави калкулантска историја за во моментов политички да им се угоди на Бугарите – вели професорот Чепреганов.

Да не се влезе во агендата на фалсификатoрите на минатото

Со упорноста во настојувањата да ја принуди Македонија да ја преадаптира својата национална историја според бугарските историски фантазии, Бугарија веќе не се ни труди да прикрие дека го злоупотребува концептот на консензуално одлучување во ЕУ. Сепак, внимателно се воздржува да ги отвори историските теми со Грција и да побара ревизија на учебниците во грчкиот образовен систем, барем за темата од Втората светска војна. Секако, отворањето на овие теми во поширок регионален контекст би предизвикало отворање на националните архиви и излегување на виделина на документи што јасно покажуваат кој бил на која страна на историјата. Иако можноста од попуштање пред уцените со историјата од Бугарија со европското консензуално одлучување, за дел од актуелната политичка елита, изгледа како политички опортуно решение за побрз влез на Македонија во ЕУ, интелектуалците акцентираат дека историското искуство покажува дека дефетизмот секогаш оди на штета на оној што се повлекува пред неправдите од фалсификаторите на минатото.