Бугарија дава целосна поддршка за интеграцијата на Македонија во Европската Унија, се вели во нацрт-декларацијата на Националното собрание, посветена на проширувањето на ЕУ и на Процесот на стабилизација и асоцијација на Македонија и Албанија, објави БГНЕС.

Во нацрт-документот, Софија го повикува Скопје да го спроведе ефикасно, без одложување и со добра волја, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, што го потпишаа премиерите на двете држави Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август 2017 година.

БГНЕС пишува дека Бугарија инсистира на прифаќање на историската вистина за заедничката историја што ја споделуваат двете земји и нации.