Бугарскиот премиер телефонски му го честиташе реизборот на Заев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на шефот на македонската влада Зоран Заев телефонски му го честиташе реизборот на претседател на СДСМ, при што тие разговарале и за Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија.

– Му честитав за реизборот и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија. Двајцата се усогласивме дека решенијата што мораме да ги преземеме во духот на Договорот за добрососедство и пријателство, не треба да се одложуваат, како во името на нашата заедничка историја, така и во името на нашата заедничка европска иднина напиша – Борисов на фејсбук.