Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев, рече дека тој е еден од најважните бугарски револуционери.

– Денес се навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и регионот на Едрене – напиша на Фејсбук премиерот во оставка Бојко Борисов.
Тој додаде дека Делчев бил водач и идеолог на бугарските македонско-одрински револуционерни комитети, подоцна позната како Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација. Национален херој во Бугарија и Република Северна Македонија, порача Борисов.

– Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја што е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Нека неговата жртва биде пример за тоа како, наскоро, да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Неговиот вечен спомен! – истакна бугарскиот премиер Борисов.