Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во интервју за бугарската Нова ТВ изјави дека Европската унија ќе ја понижи Бугарија за Македонија да добие зелено светло за почеток на преговорите, а сето тоа поради неуспешната надворешна политика на претседателот Румен Радев.

Борисов го цитираше францускиот претседател, Емануел Макрон, дека до декември  Македонија треба да ги почне преговорите, што според него значи дека ЕУ ќе ја принуди Бугарија со финансиски инструменти да направи отстапки.

Борисов вели дека Радев претставува голема штета за Бугарија, бидејќи ги поделил партиите во земјата и изрази жалење што работите отишле во оваа насока. Бугарија в недела по трет пат годинава ќе спроведе избори, по двата претходни обиди во април и јули да состави политичка Влада.