Борисов го честита ратификувањето на Договорот во Грција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов упати денеска честитки до Македонија поради ратификувањето на Договорот со Грција, оценувајќи дека тој чекор е „храбар и претставува пресврт“.

– Следните денови се клучни не само за Македонија, туку и за Западен Балкан. Ги повикувам сите пријатели од ЕУ да учествуваат во напорите со цел постабилна и побезбедна Европа- порача Борисов на својот налог на Твитер.