Бугарскиот премиер Бојко Борисов на 1 август ќе престојува во посета на Скопје каде што заедно со премиерот Зоран Заев ќе ја одбележат двегодишнината од договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Борисов и Заев ќе имаат средба на која ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план, по што двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Предвидено е Борисов во Скопје да се сретне и со шефот на државата, Стево Пендаровски. Потоа Борисов ќе замине во Дојран, каде што со македонскиот премиер Заев ќе го откријат споменикот на полковник Константин Каварналиев.