Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон им честита на премиерите на Грција и Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, откако Парламентот во Атина го ратификува Преспанскиот договор.

– САД го поддржуваат ова извонредно постигнување, кое ќе донесе стабилност и просперитет на Балканот – напиша Болтон на Твитер.