Актуелниот градоначалник на општина Каропш, Стефан Богоев, потврди дека во СДСМ се разговарало тој да биде новиот директор на Царинската управа, но назначувањето е во надлежност на Владата.

– Сме разговарале во партијата за таа можност. Сепак, директор на Царина назначува Владата. Тоа е во ингеренција на централната власт, а јас како дел од локалната не можам да прејдицирам одлуки на Влада – рече Богоев, одговарајќи на новинарски прашања.

Претходно, СДСМ за кандидат за градоначалник на Карпош го предложи Душко Весковски кој е актуелен директор на ЈП „Водовод“ Скопје.