Има добра и лошa вест по синоќешната оставка на Зоран Заев на премиерската функција, како и на лидерската позиција во СДСМ, оценува политичкиот аналитичар Флоријан Бибер.

– Зоран Заев поднесе оставка на премиерската и на лидерската функција по поразот на социјалдемократите на локалните избори. Поразот беше делумно самонанесен (лоша кампања и стагнација во реформите) и поради неможноста на ЕУ (во врска со Бугарија) да испорача. Одлуката претставува добра и лоша вест. Добра вест е што поднесувањето на оставка без конкретна потреба претставува редок чекор на политичка храброст и покажува дека преземањето политичка одговорност е можно. Лошата вест е што опозицијата е нереконструирана, националистичка и про-Орбан. Нема јасен наследник и дали нов премиер би имал моментум да ги рестартира сериозните реформи – напиша Бибер на Твитер.