Избирачкиот процес во Пелагониските општини се одвива без забелешки и мирно, информираат Општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила.

На подрачјето на Општина Битола до 13 часот гласале 25,19 отсто од 81.738 гласачи евидентирани во Единствениот избирачки список, додека во Општина Демир Хисар гласале 28,5 проценти од 6.955 граѓани со право на глас.

Во Општина Новаци до 13 часот гласале 33,12 отсто од 2.959 гласачи, додека во општина Могила во изборниот процес на денешните претседателски избори се вклучиле 18,57 отсто од тамошните жители, потврдија од ОИК-Могила.