Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателот на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето, Џељаљ Бајрами, изјави дека во текот на денот до обвинителствата пристигнале релативно мал број пријави и известувања за нерегуларности на изборниот процес.

– Она што можеме да го констатираме е дека во текот на овој изборен ден во вториот круг од локалните избори до Комисијата и до обвинителствата пристигнаа релативно мал број пријави и известувања за нерегуларности на изборниот процес. По сите пријави се оформени предмети и итно се постапува – изјави претседателот на Комисијата, јавниот обвинител Бајрами.

Јавното обвинителство продолжува да го следи изборниот процес во целост и ќе постапува по сите сомненија за евентуално сторени кривични дела поврзани со локалните избори. Останува активна и нашата електронска адреса [email protected], каде граѓаните можат да ги пријавуваат сите сомненија за кривични дела поврзани со изборите, додаде Бајрами.​