Националниот совет за родова рамноправност, како мрежа на повеќе од сто женски локални организации во државата, вчера побара од мандатарот на Владата, Зоран Заев, при составување на Владата да биде испочитуван принципот за повеќе жени во структурите на одлучување и извршната власт.
– Нашиот пат е Европската Унија и како пример би ја посочиле Република Франција, каде што од 31 министерство, 17 ги водат жени. Успешните држави во кои владее рамноправноста гарантираат благосостојба на сите граѓани/ки, каква што во иднина сакаме да биде Македонија – се вели во барањето на Националниот совет за родова рамноправност.