Али Ахмети се очекува на 2 септември да сведочи пред Специјалното обвинителство за Косово со седиште во Хаг, објави ТВ21 повикувајќи се на извори од кабинетот на лидерот на ДУИ.

Според нивните информации, предвидено е Ахмети да замине во Приштина на 2 септември за да сведочи за неговата улога во ОВК, додека меѓународните обвинители, наводно, побарале од него да биде на располагање два дена.

Ахмети минатиот месец преку неговата официјална фејсбук-страница објави дека е поканет како сведок во Специјалниот суд во Хаг, од страна на Специјалното обвинителство за Косово.