Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак.

Како што информираат од партијата, на средбата Ахмети ја запознал Дуџак со зелената агенда на ДУИ, за која посочил дека сега е еден од столбовите на партијата.

Во оваа насока, Ахмети зборувал и за статусот на градот Охрид во УНЕСКО.

– Охридското прашање е најголем приоритет на Република Северна Македонија, а државата веќе има усвоено ефективни законски решенија со цел да го заштити, како и механизми за нивно спроведување – посочил лидерот на ДУИ.

Од партијата информираат дека на средбата станало збор и за спроведувањето на големите проекти како што е етничката еднаквост, членството на земјата во НАТО и добивањето на зелено светло што е можно поскоро за започнување на преговорите со ЕУ.