Лидерот на ДУИ, Али Ахмети се надева на поголема излезност во вториот круг.

Тој по денешниот собир на подмладокот на партијата изјави дека органите на неговата партија работат на тоа цензусот да биде постигнат.

– Мислам дека на 5-ти мај ќе се одлучува дали оваа земја ќе биде успешна и со тоа ќе испратиме порака до меѓународната заедница дека на 5 мај сме гласале за што поскоро членство во НАТО и ЕУ – рече Ахмети.

Тој посочи дека не е точно оти ДУИ немаат силна кампања и рече дека сите органи на партијата се мобилизирани и го даваат максимумот за што поголема излезност на 5-ти мај.

Претходно денеска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека очекува цензус во вториот круг на претседателските избори, a со ваква реторика излезе и лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев кој вчера изрази верување дека ќе успеат изборите.