Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, се сретна со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнс.

– Ахмети ѝ пренесе на амбасадорката Барнс дека успешната соработка со Соединетите Држави ќе продолжи и во иднина со цел на постигнување на заедничките цели со Република Северна Македонија. Во оваа прилика, Ахмети и се заблагодари на амбасадорката Брнс за медицинската помош што САД и ја доделија на Северна Македонија за да се справи што е можно полесно со ситуацијата создадена од пандемијата предизвикана од ковид-19 – соопштија од ДУИ.

Лидерот на ДУИ, Ахмети и американската амбасадорка Брнс, исто така, разговарале и за достигнувањата на Република Македонија во евро-атлантските интеграции, вклучително и договорот со Атина и Софија, како и патот на земјата кон ЕУ.

– Претседателот Ахмети го поздрави и договорот од Вашингтон меѓу Косово и Србија, како и заемното признавање меѓу Израел и Косово и дефинирањето на Хезболах како терористичка организација. На крајот на овој состанок, амбасадорката Брнс истакна дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во спроведувањето на важните реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите непристрасно и независно – се наведува во соопштението.