Во нашите проекти без помошта, ангажманот и олеснувањето на меѓународната заедница немаше да стигнеме тука каде што сме, рече претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети на новогодишното обраќање пред партиските членови.

-Имавме тежок почеток на годината, но успешен крај. Гледате дека пред вас се столбовите на нашите достигнувања, почнувајќи од поканата за во НАТО и добрата вест за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ, Законот за јазиците, односите со соседите. ДУИ секогаш инвестирала во просториите на Југоисточна Европа да доминира мир, стабилност, сигурност. Сме имале многу контакти од бугарски институции и тој договор се постигна. Сме имале контакти со грчките власти. Ние не бевме страна за комплицирање на процесот, туку бевме страна која охрабрува и продонесува за да споровите со грчката страна еднаш засекогаш да се затвораат и овој договор се постигна во Преспа. Регионот има потреба за повеќе мир, стабилност, безбедност, благосостојба и иднина – изјави Ахмети.

Во однос со претседателските избори, тој рече дека ДУИ е конзистентна во своите ставови и дека сакаат претседател кој ќе биде договорен од сите, но додаде дека суште немаат конкретно име за кандидат за претседател.

Тој најави дека меѓу приоритетите за наредната година остануваат: порастот на квалитет и вредностите, здравството, животната средина, владеењето на правото.