Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека добива закани за него и неговото семејство, откако ги напишал фејсбук-статусите за кои во моментов има отворен предмет во Јавното обвинителство.

Апасиев денеска пред Обвинителството изјави дека тој во неговите пораки до јавноста секогаш се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права и ќе продолжи тоа да го прави и понатаму, односно нема да престане со фејсбук статусите кои ја скандализираат јавноста.

Мерсиха Смаиловиќ и Тања Милевска преку Хелсиншкиот комитет се поднесителите на пријавата против Апасиев.

Предметот во ОЈО се однесува на ширење расна и етничка нетрпеливост преку електронски систем.