Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, пред Собранието изјави дека ситуацијата во државата е алармантна и дека демократијата е парализирана.

Во изјава Апасиев рече дека според него потребна е политичка радикализација на опозицијата.

„Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации, пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата“, порача лидерот на Левица, зборувајќи за видеообраќањето на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса.

Тој денеска не се појави во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата.