Претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, потврди дека е формирано ново парламентарно мнозинство.

Тој при излегување од Собранието изјави дека новото мнозинство има 61 пратеник, со тенденција, како што рече, да стигне до 64.

„Да. Имаме ново мнозинство од вечерва. Го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Алтернативата, Алијансата, Левицата и Беса“, потврди Апасиев.