Чест е да се биде член на Влада, но исто така секој кој добил државна функција треба да биде свесен дека еден ден таа функција и ќе ја напушти, јас не гледам трагедија во сето тоа, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање за најавените смени во владиниот состав.

-Јас лично сум релаксиран по тоа прашање и мислам дека било кој да одговора на ова прашање освен премиерот е несерозно и немам што да одговорам повеќе од ова што го кажав- изјави Анѓушев.