Антикорупциската комисија (ДКСК) повикува да се почитуваат законските забрани во пресрет на локалните избори, додавајќи дека огласите за вработување пред гласањето не се во духот на доброто управување и би можеле да влијаат врз лицата кои се надеваат на вработување, иако не се забранети законски.

Од ДКСК информираа дека во изминатиот период имало дури 60 барања за мислење од државни институции како правна несигурност во однос на одлучувањето, особено за тоа дали смеат да вработуваат откако се распишани локалните избори.

Антикорупциска и годинава ќе соработува со меѓународните институции за следење на изборите, а за таа цел објавен е повик за пријавување на 50 набљудувачи за речиси сите општини. Годинава за првпат е објавен и повик за пет аналитичари, чија надлежност би требало да биде анализа на податоци и информации од финансиски извештаи.