Груби се сретна со амбасадорката Брнс

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, одржа работна средба со амбасадорката на САД, Кејт Брнс.

– Брнс истакна дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во спроведувањето на неопходните и многу важни реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите на непристрасен и независен начин. Брнс, исто така рече дека Северна Македонија треба да го одржи единството за да ја искористи можноста за членство во Европската унија – соопштија од кабинетот на Груби.

Брнс му пренела на Груби дека Соединетите Американски Држави се подготвени да ги продлабочат билатералните односи меѓу двете земји и зајакнување на понатамошното зголемување на директните инвестиции од САД и соработката во областа на дигиталната економија во согласност со сигурносните стандарди на НАТО.

Груби ја истакнал важноста на мрежата 5Г и стратешката соработка со САД во овој процес и кажал дека тоа ќе биде приоритет на Владата.