Фото: Архива

Тринаесет американски конгресмени од Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД бараат решавање на билатералниот спор помеѓу Софија и Скопје за Македонија да може да ги почне преговорите со ЕУ до крајот на годонава, во писмо до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Тихомир Стојчев.

– Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија – се наведува во писмото.

Според конгресмените, натамошното одложување на напредокот на Скопје и Тирана кон ЕУ ќе фрли сомнеж врз заложбите на западните лидери.

– Веруваме дека евентуалното членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е од клучно значење за долгогодишен мир и стабилност на Западен Балкан – нагласуваат конгресмените.