Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во обраќањето пред јавноста од Школката во Градскиот парк во Скопје по повод 19-годишнината од основањето на партијата се обрати и на македонски јазик и како новитет ја објави зелената агенда на партијата.

– Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден – рече Ахмети.

Тој искористувајќи го како повод Меѓународниот ден на животната средина, порача дека дојдено е време да се прифатат политики за зелена, развиена и безбедна иднина.

– Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграцијата во НАТО, правичната застапеност. Се изградија училишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот. На 19-иот роденден на ДУИ започнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ – порача партискиот лидер.