На претстојните предвремени локални избори што ќе се одржат во декември, Алија Јахоски од ДУИ е единствениот кадидат што ќе ја побара од граѓаните довербата за функцијата прв административец во општина Пласница, откако во предвидениот рок до 7 ноември немаше кадидатури на други политички партии, ниту независни кандидати.

– Во предвидениот рок до 7 ноември, Алија Јахоски од ДУИ е единствениот пријавен кадидат за градоначалник на општина Пласница на претстојните локални избори, што ќе се одржат на 13 декември. Јахоски е приватен бизнисмен, поседува погон за преработка на дрво, пилана. Инаку, Јахоски е попознат како брат на актуелниот пратеник и градоначалник во неколку мандати на оваа општина Исмаил Јахоски. Кадидатот што ќе победи на овие избори, ќе остане на градоначалничката фотелја неполна година, или до редовните локални избори што ќе се одржат во септември следната година. Во нашата општина на единствениот избирачки список за овие избори запишани се вкупно 5.051 гласач. а ќе се гласа на девет избирачки места во четири села – изјави Едисен Зеќироски, претседател на ОИК за Пласница.

Моментно в.д. градоначалник на општина Пласница е Елсан Нурчески, кој по овие избори се враќа на местото преседател на Советот на општина Пласница. З.А.