Опозициската политичка партија предводена од Зијадин Села, Алијанса за Албанците, смета дека дека доколку нивниот коалициски партнер – Алтернатива одлучи да влезе во Владата, тоа би било спротивно на волјата што ја изразија граѓаните кои гласаа за нив на парламентарните избори.

Од партијата на Села велат дека договорот потпишан за коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива, јасно ги дефинира критериумите и временските рокови на оваа коалиција, односно во членот 6 од овој договор стои : „Странките се договорија оваа соработка да важи до следните парламентарни избори“.

„Алтернатива треба да ги разјасни своите позиции во однос на овој договор, кој го прекршуваа најмалку три пати по ред, со јавна средба со премиерот во оставка, Зоран Заев, за да разговара за можноста за влез во Владата. Нашиот досегашен молк никако не е слабост, туку сериозност кон потписот што го ставивме во договорот и политичкиот морал што сакаме да и го пренесеме на јавноста, дека на крајот дадениот збор докажан со потпис, за нас представува вредност. Чекањето се однесува на можноста што сакаме да ја дадеме да размислувате за политичките чекори што се преземени од вас. Минимумот на коректност што го очекуваме од вас е да одговорите дали е валиден или не договорот потпишан меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата? Ако не, тогаш не ни останува ништо друго освен да ви посакаме успех во вашиот пат, кој за нас е погрешен и во целосна спротивност со вољата што го изразија граѓаните кои гласаа за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Изразуваме жалење за разочарувањето што го предизвикавте на опозициските гласачи кои не’ поддржаа против оваа власт. На истите ние им остануваме верни во нашето понатамошно политичко патување, држејќи ги вратите отворени за сите оние кои за кои е свет дадениот збор пред граѓаните. Ја информираме јавноста дека Алијансата за Албанците во иднина добро ќе размисли со кого ќе потпише коалициски договор“, велат од партијата на Села.

Претходно денеска, лидерот на Алтернатива Африм Гаши по вторпат се сретна со премиерот Зоран Заев за да преговараат за влез во Владата. Партиските тела на владејачката коалиција и опозициската Атернатива до крајот на оваа недела ќе разговараат за она што било кажано на состаноците, а од Владата изразија уверување дека до тогаш ќе се обезбеди усогласување за влез на Алтернатива во Владата.