Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, соопшти дека партијата започнува кампања за одложување на пописот.

– Ние бараме пописот да се одложи на 12 месеци, односно за април 2022 и да се донесе комплетно нов закон кој ќе биде донесен со широк консензус од партиите во Собранието – вели Крмов.

Доколку не биде одложен пописот, Крмов вели дека Левица ќе повика на бојкот на пописот, под мотото „Не отворај врата“.

Тој наброја низа причини поради кои пописот треба да биде одложен.