Фото: Дарко Андоновски

Славеничката атмосфера во Македонија стивнува додека Европската Унија погази уште еден ветување за челнство. Одолговлекувањето на Унијата носи ризик од сериозни последици за запаливиот регион на Западен Балкан, објавува Блумберг.

Водечките луѓе во Брисел се целосно посветени на борбата за моќ при изборот на главните функции во Унијата, па повеќето земји-членки не се подготвени за да примат нови членови во европскиот блок. Политичарите имаат потешкотии да објаснат зошто изневерија 18 милиони граѓани во регионот, кои се надеваат на подобрување на стандардот и на справување со корупцијата.

– Северна Македонија стори повеќе од останатите за да издејствува членство ов ЕУ. Годинава стави крај на долгогодишниот спор со Грција и зазема стабилен курс кон приклучуваање на НАТО – се наведува во анализата на Блумберг.

ЕУ ќе испрати лоша порака до останатите земји-кандидати за членство во регионот, доколку не го награди напредокот на Македонија.

– Ако Северна Македонија не биде адекватно наградена за постигнатиот напредок, пораката до другите држави во регионот ќе биде јасна, нема на што да се надевате – вели Марко Кмезиќ, од универзитетот во Грац.

Со пропаѓање на процесот за влез во ЕУ, се зголемуваат внатрешните, но и меѓудржавните тензии на Балканот. Антивладини протести се одржуваат во Србија, Албанија, Црна Гора и во БиХ, која е без влада, осум месеци по изборите. Односите помеѓу Србија и Црна Гора се влошени поради црковното прашање, а односите помеѓу Србија и Косово остануваат затегнати.

Без јасно залагање и надзор на регионот кој стравува од војна, аналитичарите предвидуваат дека ситуацијата на Западен Балкан ќе биде деликатна. Ризикот за регионот е злолемен поради борбата за наметнување влијание помеѓу Западот, Русија и Кина.