Фото: Игор Бансколиев

Комисиската распара за Законот за ЈО стартуваше со педесетина амандмани. Воедно ќе се решава и статусот на СЈО, како и на Законот за совет на јавни обвинители. Барањата на опозицијата допрва ќе се усогласуваат меѓу партиите. 

Десет од барањата брзо поминаа на комисијата за европски прашања. Станува збор за технички прашања, за преименување на обвинителството и буџетот со кој тоа ќе располага. 

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат изборот на обвинителот на новото обвинителство да биде од опозицијата, тој да не биде од редот на обвинителите, туку да може за позицијата да конкурираат и професори, а предметите во СЈО во судска постапка да имаат разврска по принцип на хиерархија и субординација. Ова се дел од амандманите на опозицијата кои партиите треба да ги разгледаат.

Власта е оптимистична, со надеж дека партиите ќе ги усогласат ставовите и ќе обезбедат двотретинско мнозинство. Според предлог-законот на Владата, се предвидува спојување на СЈО и Основнот јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се уредува статусот на сите вработени, а за истражителите има две опции, или да се префрлат да работат во јавното обвинителство или да се вратат во МВР. 

Предлог-законот за јавно обвинителство Собранието одлучи да се носи по скратена постапка. Од 54-те доставени амандмани, десет се експресно усвоени, три биле повлечени, а 16 амандмани се доставени за законот за Советот на обвинители.