Фото: Илустрација

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) апелира да не се користат малолетници во платено политичко рекламирање во изборната кампања за претстојните Претседателски избори.

– Во првите денови од изборната кампања, во дел од спотовите на кандидатите за Претседателските избори 2019 што се емитуваат на телевизисиките сервиси, е регистрирано учество на малолетници, соопшти денеска АВМУ.

Оттаму потсетуваат дека согласно со член 76 од Изборниот законик, не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање.

Изборната кампања за претседателските избори, за кои првиот круг ќе се одржи на 21 месецов, а вториот е планиран за 5 мај, почна пред три дена.