Џафери: Собранието може да се врати само на следните избори

356

Собранискиот спикер Талат Џафери останува на ставот дека парламентот откако се распушти не може да се свика пред да се одржат парламентарни избори. Тој го изјави ова вечерва во „Клик плус” на ТВ21 и говореше за процедурата за одново свикување на Собранието, откако СДСМ поднесоа иницијатива за тоа, но според него нема можност за такво нешто.

– Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот – изјави Џафери.

Според него, свикувањето на собранието без избори би било обид за пуч.

– На 16 февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието – порача тој.