Џафери го потпиша решението за распишување на изборите

107

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва го потпишал решението за распишување на изборите, кои ќе се одржат на 12 април годинава.

Од прес-службата на Собранието информираат дека Џафери во текот на утрешниот ден ќе даде изјава за медиумите, по повод потпишувањето на решението.

Собранието попладнево се распушти, откако претходно беа донесени неколку закони меѓу кои и законот за јавното обвинителство и законот за Советот за јавни обвинители.