Јахоски од ДУИ по грешка бил пишан како независен пратеник

113

Пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски, кој интернет-страницата на Собранието беше напишан како независен пратеник, денес преку соопштение посочи дека станува збор за техничка грешка.

– Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како
пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од листата на
ДУИ, во ниту еден момент не сум напуштил парламентарната група, ниту,
пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ. Фактот
што на веб-страницата на Собранието сум ставен како независен пратеник
претставува техничка грешка, која соодветно ќе биде исправена во
најскора прилика – се вели во изјавата на Јахоски.