Јанушев: Промоција на македонските компании за настап на странски пазари

33

Игор Јанушев, носителот на листата на Изборната единица 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, денеска, во посета на општина Делчево, ја посети текстилната фабрика „Витекс“ во Делчево.

Јанушев посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на животниот стандард на граѓаните, повисока стапка на економски раст, креирање нови високоплатени работни места, зголемување на платите и стандардот на работниците, пораст на домашните и странските инвестиции, но и зголемување на извозот.

Јанушев вели дека со проектот „Обнова на Македонија“ се обврзуваат на системска, аналитичка, институционална, финансиска и логистичка и друг тип државна поддршка за македонските извозни компании и нивна промоција за настап на странски пазари, како и формирање таканаречени извозни промотори за поддршка на извозот на домашните компании и производи на нови пазара во светот.

– Ја посетивме текстилната фабрика ‘Витекс’ во Делчево. Текстилната индустрија е водечка во овој регион. Затоа во програмата се обврзавме на реализација на повеќе проекти, кои се однесуваат на оваа гранка, а кои ќе потпомогнат во модернизација и подобрување на извозните перформанси – истакна Јанушев.