Ѕанакопулос ја префрла топката на теренот на Македонија

205

Во рамките на грчките позиции за сложено ерга омнес име треба да постои решение, топката сега е на теренот на соседите и треба да направат уште неколку чекори за да стигнеме до договор, вели портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за третиот канал од Солун на грчката државна телевизија ЕРТ и уште еднаш го повтори грчкото барање за уставна ревизија.

Ѕанакопулос смета дека се направени доста чекори со самата промена на „радикалните и националистички ставови на претходните влади“ во Скопје, но сепак додава дека постојат прашања кои не се едноставни, а техничката фаза е доста тешка.

– Сметам дека е факт оти има политичка волја и од двете страни, но сепак постојат прашања што не се едноставни, не се од технички карактер, а главното е прашањето за уставна ревизија за да се покрие предусловот на ерга омнес. Затоа што знаете дека грчката Влада во преговорите доаѓа и вели дека ќе се согласи за сложено име што ќе биде за сите, ерга омнес и ќе биде за севкупна употреба. За ова ерга омнес, очигледно дека е предуслов е уставна ревизија од страна на соседите – вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.