Ѕанакопулос: Никој не бара повторно отворање на преговорите

306

Атина го чека „решителниот чекор“ од Скопје, повтори уште еднаш портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио 247, но и додаде дека во овој момент никој не бара одново да се отворат преговорите.

– Се наоѓаме во финалната фаза. Е сега, ако постојат некои небитни детали кои можат да одат во една или во друга насока, тоа во никој случај не е отворање на преговорите во нов циклус. Напротив, ви реков дека она што го очекуваме во овој момент е решителен чекор од страна на раководството на ПЈРМ – вели Ѕанакопулос.

Портпаролот на грчката влада и министер без ресор, објасни дека „преговорите на ниво на министри за надворешни работи резултираа со контурата на договорот“.

-Сега, она што ние го очекуваме е г. Заев да го направи решителниот чекор и да го прифати токму овој договор, нешто што мислам дека ќе биде и последниот потег што ќе доведе до завршување на преговорите- објасни Ѕанакопулос.