Ѓорчев се сретна со сенаторот Тед Круз и повеќе конгресмени

69

Владимир Ѓорчев, меѓународен секретар и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со сенаторот во Сенатот на САС Тед Круз, како и средби со високи конгресмени во Вашингтон.

На средбата Ѓорчев истакна дека Круз е пријател на Македонија, додавајќи дека заеднички го градат пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД.

Ѓорчев, оствари средба и со сенаторот Дан Коуц, кој беше шеф на државното разузнавање и советник на Доналд Трамп од 2017 до 2019 година. Ѓорчев истакна дека е потребно Република Македонија да има активна надворешна политика, бидејќи така се градат македонските позиции и се создава пријателства и партнерства.

– Македонија мора да има активна надворешна политика. Важно е да градиме силни пријателства и партнерства во САД. Со силна надворешна политика, ги јакнеме нашите македонски позиции. Уште еднаш, тоа е важно за Македонија – додаде Ѓорчев.

Ѓорчев при посета во Вашингтон оствари средби со Реп Бил Хуизенга, со конгресменот Роберт Питенџер, како и со Брент Мекинтош кој е актуелен потсекретар во Министерството на финансии на САД за меѓународни работи, со пратениците Елен Тране Норби од Данска, Емануелис Зингерис кој е потписник на актот за независна Литванија и пратеник од 1990 година до сега.

Ѓорчев имаше свое обраќање и во Сенатот на САД во Вашингтон на парламентарниот форум за безбедност пред околу 200 учесници – сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји, амбасадори, професори, експерти.