Шчербак: За добри односи меѓу Русија и Македонија се потребни двајца

642

Искрено сакаме односите помеѓу Македонија и Руската Федерација да се унапредуваат успешно, конструктивно, во духот на соработката, заемното разбирање и рамноправност, изјави амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олек Шчербак при неговата посета на Прилеп.

– Русија и Македонија се две пријателски држави кои се поврзани со вековни историски и духовни врски. Во голем дел имаме заедничка култура, во голем дел и заеднички јазик, заеднички духовни корени. Искрено сакаме односите помеѓу Македонија и Руската Федерација да се унапредуваат успешно, конструктивно, во духот на соработката, заемното разбирање и рамноправност. Во меѓународните односи многу се битнни билатералните односи, а тоа е како улица со двонасочно движење. Како и за добро танго, потребни се напорите на двајца. Русија се обидува да биде добар партнер, а како ќе се однесува Македонија, тоа е нејзино суверено право – рече Шчербик.

Амбасадорот Шчербак ги отфрли како пропагандни лаги обвинувањата дека Русија се меша во дел од земјите на Балканот за да не влезат во НАТО како и во спорот за името меѓу Македонија и Грција.

– Во современиот свет се произведуваат многу лаги. Тоа е класичен пример на пропагандни лаги – изјави Шчербак.