Чулев се побуни против законот за јавно обвинителство

419

Доцна вечерва на седница на Владата се изгласа предлог текст на законот за Јавно обвинителство. На насилнички начин, спротивно на Уставот и законите и меѓународните правни стандарди, владејачката партија изгласа закон кој во себе содржи до сега невидени одредби со кои сакаат да го скријат криминалот кој беше направен во последните три години, напиша на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Според него, во законот не се прифатени забелешките на експертите и тие се едногласни во констатациите дека овој закон претставува вистинско фијаско.

– Денес паѓаат во вода наводните заложбите на власта за владеењето на правото, а токму тоа е еден од клучните критериуми за започнување на преговорите со ЕУ. Носење на системски и круцијален закон без политички консезус и негово изгласување по скратена постапка ќе го поткопа и така кревкиот правен систем и наместо владеење на правото ќе донесе исполитизарано и пристрасно јавно обвинителство креирано по мерка и желба на одредена група на луѓе – вели Чулев.

Поништени се решенијата за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев минатата недела, информираше Владата.

– Врз основа на Законот за Влада на Република Северна Македонија, на синоќешната седница е усвоена одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари годинава – се вели во соопштението на Владата