Чулев: Изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера

73

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оцени дека парламентарните избори поминале во мирна, фер и демократска атмосфера со што се уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капацитетите на институциите, пред се на МВР, кое постапуваше крајно одговорно, бескомпромисно, неселективно и согласно законските надлежности.

Чулев посочи дека МВР претставувало силен гарант за спроведување на граѓанската волја и за почитување на словото на уставот и на законите. Тој информираше и за одредени неправилности и за преземените мерки и покренатите постапки.

 Чулев истакна дека биле преземени и мерки за заштита на здравјето на граѓаните на изборите одржани во услови на пандемија. Министерот изрази и благодарност до сите вклучени во изборниот процес.