Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

288

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност за предлогот за започнува пристапни преговори со Македонија и со Албанија.
Ципрас на социјалните мрежи порача дека одлуката за отфрлање на почетокот на преговорите со Македонија е порака за слабост и пораз на европскиот проект.

– Некогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Брисел – напиша поранешниот грчки премиер на Твитер, додавајќи: „На нашите народи им должиме да продолжиме да се бориме за иднината и единството на Европа“.

Минатата година Ципрас и Заев потпишаа историски договор за решавање на повеќе деценискиот меѓудржавен спор за името на Македонија.